Таткото на Меси: Тешко дека ќе остане во Барселона (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Хорхе Меси утрово
пристигна во Барселона со приватен лет од Росарио, а на излегување од
аеродромот само кратко порача: „Не знам ништо момци“.

Медиумите од
Шпанија не се откажаа, го начекаа на излегување од такси за да му постават неколку
прашања. Тој повторно не беше расположен за коментари, но новинарите успеаја да
извадат некој збор.

Хорхе Меси рече
дека не знае дали Манчестер Сити е добра опција за нив и дека не разговарал со
Пеп Гвардиола, ниту пак разговарал со некој друг.

На прашањето дали
иднината на Лео Меси е во Барселона, тој одоговори: „Тешко дека ќе остане“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×