Таткото на Меси потврди: Размислуваме за останување во Барселона

by
1 минути читање

Таткото на Лео
Меси синоќа имаше состанок со Жозеп Мариа Бартомеу на кој двете страни само ги
потврдија своите позиции. Доколку напаѓачот по секоја цени реши да замине со активирање на
клаузулата за едностран раскин на договорот, Барселона ќе го даде Лео Меси на
суд и судот ќе одлучи кој е во право.

Во случај правната битка да ја добијат „каталонците“, фудбалерот ќе треба да плати сума која може да се движи од 1 евро па се до 700 милиони, колку што изнесува откупната клаузула.

За да се избегне
вакво сценарио, Лео Меси ја разгледува опцијата да остане уште една година на
Камп Ноу и следното лето да замине за беспари. Барса тогаш нема да може да го
спречи бидејќи неговиот договор ќе биде истечен.

Ова утрово го пренесе
новинарот Мартин Аревало од „ТиКСпортс“, а сега го потврди и таткото на Лео
Меси.

Новинарите на
Кватро одново го бркаа Хорхе Меси низ улуците на Барселона, а откако начекаа
прилика да разговараат го прашаа, „Дали размислувате за продолжување во Барса
до 2021 и потоа да си заминете беспари?“
 На ова, тој само кратко одговори, „ДА“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×