Таткото на Меси негира дека Лео оди во Саудиска Арабија

by
1 минути читање

Агенцијата Франс Прес (АФП), денеска излезе со информација дека Лео Меси постигнал вербален договор со Ал Хилал и од следната сезона ќе се пресели во клубот од Саудиска Арабија.

Таткото на Меси излезе со демант на ваквата информација. Тој вели дека немаат донесено никаква одлука, за иднината на Лео ќе одлучат по крајот на сезоната.

„Нема апсолутно ништо договорено со било кој клуб за следната сезона. Ќе одлучиме по крајот на сезоната. Ништо не е потпишано, договорено или вербално договорено. Само лажни вести го користат името на Лео“, се вели во дел од соопштението на таткото на Лионел Меси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×