Ламин Јамал пак ги освојува насловните страници, младиот фудбалер блеска на најголемите натпревари, прави разлика иако има 17 години, а со изјава се јави и неговиот татко, Мунир Насрауи.
Ривалството меѓу Барса и Реал е огромно, па и покрај добрите игри, Јамал е критикуван од фановите на кралскиот клуб. Иако тоа е нормално, таткото на фудбалерот застана во одбрана на својот син.
„Мораме да оддадеме признание кога на 17 години има веќе 100 настапи за клуб како Барселона. Треба да му се честита, а не да правиме драма дали игра за еден или друг клуб. Навивачите на Барселона не навредуваат ниту еден млад фудбалер на Реал или било кој друг клуб. Треба да ги почитувате сите млади таленти и да им помогнете да станат уште подобри“, изјави Насрауи за „Ел Чирингуито“.