22-годишниот Лука Зидан веќе не е играч на Реал Мадрид. Заврши неговиот договор, а клубот нема намера да му го продолжи.
Тој 16 години беше во Реал Мадрид, почнувајќи од најмладите категории, па стигна и до првиот тим за кој имаше два настапи под водство на неговиот татко. Бранеше против Виљареал и Хуеска. Тогаш Зинедин Зидан рече: „Не ставам во игра мој син, туку голман на Реал Мадрид“.
Оваа сезона Лука Зидан бранеше за Расинг Сантандер кој испадна од Сегунда откако заврши на последното место на табелата. Тој настапи на 33 натпревари, прими 42 голови (1,27 по натпревар) и имаше 101 одбрани (3,06 по меч). Статистиката не е сјајна, но бројот на примени голови е резултат и на лошата одбрана на тимот.
Следниот клуб на Лука Зидан веројатно ќе биде Монпеље кој е блиску до неговиот потпис.