Таре откри кое било клучното прашање на Модриќ за да потпише со Милан!

by riste
1 минути читање

По завршувањето на Светското клупско првенство, Лука Модриќ ќе стави потпис на договор со Милан, веќе нема дилеми околу тоа.

Новиот спортски директор на Милан, Игли Таре открива како течеле преговорите и зошто се одлучиле да го ангажираат Модриќ и покрај неговата возраст.

„Подготвени сме да го донесеме Лука Модриќ, потребни ни се нови лидери. Разговарав со него и водов човек со изразена желба да остане компетитивен. Неговото доаѓање би било клучно за тимот на кој му се потребни играчи како тој, тим кој има потреба од лидери. Работиме на тоа“, рече Таре.

Хрватот прашал дали Милан ќе биде конкурентен во идната сезона, тоа му било клучно и покрај се што има освоено во кариерата со Реал Мадрид.

„Ме праша дали ќе бидеме конкурентни. Освои шест титули во Лигата на шампионите и веднаш сака да биде лидер. Тоа е важно бидејќи ќе го пренесе на тимот, ќе го пренесе менталитетот, лидерството и професионалноста. Тоа што е навивач на Милан ја прави оваа приказна уште повозбудлива“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×