Таре бара тренер за Милан, сонува за две големи имиња!

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан е во потрага по тренер и размислува за промена на Серџо Консеисао.

Масимилијано Алегри е првото име на листата на желби на Милан за нов тренер. Како што јавуваат италијанските медиуми, Милан сериозно размислува за враќање на Алегри на „Сан Сиро“, но иницијативата доаѓа во момент кога Наполи е на чекор до негов ангажман. Паралелно, Иџли Таре стапил во контакт и со Антонио Конте, но ситуацијата е исклучително комплицирана и шансите за таков расплет се мали.

Милан останува во потрага по наследникот на Консеисао кој по сè изгледа ќе замине од Милан, бидејќи клубот има клаузула која му дозволува да го прекине неговиот договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани