Матија Поповиќ
важи за голем талент, подолго време е на радарот на гигантите ширум Европа, и
се веруваше дека Милан ќе ја добие битката за услугите на напаѓачот, кој е слободен играч откако му заврши договорот со Партизан.
Но голем број на
извори пренесуваат дека синоќа пукнала тиквата и покрај тоа што „росонерите“
подолго време воделе преговори со Матија Поповиќ и начелно договориле
петгодишна соработка.
На Сан Сиро се
изненадиле кога дознале дека Матија Поповиќ во сопствена режија пристигнал во
Милано во вторникот, ова го толкувале како обид да се изврши притисок за што
побрзо да се комплетира зделката.
Потоа следувал нов шок за директорите на Милан, агентите на Матија Поповиќ побарале огромни
суми на име на провизија.
На „росонерите“
не им се допаднала ваквата тактика, па решиле да се повлечат од преговорите.
Останува да се
види дали двете страни ќе ги испеглаат недоразбирањата, но Јувентус експресно
реагирал, стапил во контакт со Матија Поповиќ и неговите агенти и почнал да
опипува терен за преселба на Србинот во Торино.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.