Таксист возел 120 км да му го врати паричникот на Нојер, на крајот бил понижен од ѕвездата на Баерн

by
2 минути читање

Mануел Нојер е во
фокусот на јавноста
откако таксист се пожали дека вложил многу труд за да му го врати
паричникот на голманот а на крајот не добил соодветна награда.

Хазир С. раскажа
како го возел Мануел Нојер од Одеоншплац до Лехел, и потоа кога се вратил дома
и го чистел автомобилот, го нашол паричникот на голманот. Внатре била личната карта
на играчот на Баерн Минхен, Виза Платиниум картичка, црна Мастеркард картичка и
околу 800 евра во кеш.

Таксистот сакал
лично да му го врати паричникот на Мануел Нојер па возел до луксузната зграда
во Лехел каде што претходно го оставил голманот, но таму не нашол никој. Хазир
не се откажал, па тргнал кон Тегернсе каде Мануел Нојер има имот, но повторно
не нашол никој.

Еден минувач
потоа му објаснил дека во близина живее советникот на Германецот, па таксистот
успешно ја завршил мисијата, го предал паричникот и оставил сопствени податоци
за контакт.

Десетина дена
подоцна, Хазир добил пратка но останал разочаран, за маката добил само дрес од Мануел
Нојер.

„Наградата за
чесниот пронаоѓач беше понижувачка, немаше ниту едно благодарам! Имам четири деца, не можам да сторам ништо
со дресот“
– се пожалил Хазир до медиумите.

За да го врати паричникот,
таксистот поминал околу 120 км и го чинело околу 400 евра гориво и други патни
трошоци.

Точно е дека Мануел Нојер можел да постапи поинаку, но според германските закони, на чесниот пронаоѓач му следува 5% од пронајдената сума до 500 евра, или 8% доколку сумата е поголема, во конкретниов случај околу 64 евра.

Хазир исто така можел да го остави паричникот во најблиската полициска станица и да не се изложува на додатни трошоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани