Тага во Тотнем: Почина близок соработник на Конте задолжен за фитнесот на фудбалерите

by
1 минути читање

Тага во Тотнем, почина
близок соработник на тренерот Антонио Конте, се работи за Џан Пјеро Вентроне,
кој беше задолжен за фитнесот на фудбалерите.

61 годишниот
Италијанец им се придружи на „спарси“ во ноември 2021 година и помогна
значително да се подобри физичката форма на играчите.

Најпознатиот момент
од неговото време во Тотнем се случи летоска на подготовките во Сеул кога им
постави брутален режин на фудбалерите, многумина не можеа да издржат и паднаа
на теренот, а имаше и такви како Хари Кејн, кои повраќаа.

Но и покрај тоа, Џан
Пјеро Вентроне беше омилен лик помеѓу фудбалерите, неодамна Сон Хеунг Мин токму
со Италијанецот го прослави хет-трикот против Лестер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани