Скаути во Хрватска испратил и Перез, а синот на Роналдо – сите ги разочарал!

by Стефан
1 минути читање

Младите фудбалски надежи на Португалија и Хрватска до 15 години во неделата одиграа возбудливо финале на меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“ во Чаковец. Двете селекции претходно ги завршија групите со по седум бодови, а во директното соочување за трофејот, Португалците беа подобри и славеа победа со 3-2.

Најголемата ѕвезда на натпреварот, но и на самиот турнир, беше Кристијано Роналдо Жуниор, кој постигна два гола во финалето и на себе го сврте вниманието на целата фудбалска јавност, тоа беа неговите први два гола за една репрезентација на Португалија.. Синот на легендарниот Роналдо беше под будното око на бројни скаути, кои дојдоа во Чаковец специјално за одблиску да го видат неговиот талент, меѓутоа најголемиот дел не биле воодушевени и покрај погодоците.

Шпанскиот весник „Defensa Central “објави дека дури и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, испратил свои луѓе да го следат настапот на синот на поранешниот ас на „кралевите“, со желба еден ден да го донесе во Мадрид, ако поседува потенцијал.

Меѓу аналитичарите кои го коментираа неговиот настап беше и реномираниот ловец на таленти, Јацек Кулиг. Тој посочи дека Кристијано Жуниор се соочува со многу критики на социјалните мрежи, а дел од агентите и скаутите кои присуствувале на турнирот не биле премногу импресионирани.

„Според мене, ситуацијата не е толку црна. Да, во некои моменти изгледа несмасно, но тоа е сосема нормално, висок е и телото му е сè уште во развој. Притисокот што го носи неговото презиме е огромен. Дури и ако постигне само 1% од она што го направи неговиот татко, тоа ќе биде огромен успех,“ изјави Кулиг.

Фото: Cristiano Ronaldo/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани