„Свирежите за Меси се навреда за фудбалот, Лео треба што поскоро да си замине од ПСЖ!“

by
1 минути читање

ПСЖ игра очајно во последно време, па фудбалерите често се на мета, нема поштеда ниту за Лео Меси, кој доби свирежи од домашната публика против Лион.

Во одбрана на Аргентинецот сега застана Емануел Пети, кој вели дека проблемот лежи во раководството на клубот кое влече погрешни потези на трансфер пазарот.

„Слушам како луѓето се жалат дека тој одел по теренот, па Меси одеше по теренот и во неговите најдобри денови во Барселона. Меси е Маестро, тој диктира а играчите околку се тие кои треба да трчаат“ – вели поранешниот француски фудбалер.

„Погледнете ја репрезентацијата на Аргентина, станаа светски шампиони бидејќи околку Меси имаше борци, играчи кои беа подготвени да умрат за Лео“.

„Ме потсетува на времето кога играв со Зидан, сигурно дека немаше да му кажам на Зизу да трча и да игра одбрана, јас бев задолжен за тоа а тој диригираше“.

Пети потоа додаде: „Свирежите за Меси се навреда за фудбалот, ќе му дадам совет на Лео, треба што поскоро да си замине од ПСЖ. Ниту еден фудбалер не забележал прогрес во ПСЖ“.

„Не е проблем Меси, проблем е раководството и катастрофалните одлуки на трансфер пазарот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×