Светското првенство му го расипа бракот, Адриано се разведе од сопругата по само 24 дена

by
1 минути читање

На Адриано му се
прогнозираше блескава кариера, но смртта на неговиот татко го натера да им се
препушти на пороците наместо на фудбалските мајстории, па Бразилецот поради
погрешни причини ги полнешe страните на спортските весници.

Тој сега одново е
во фокусот на медиумите откако пристигна информација дека неговиот брак со
Микаела Мескита траеше само 24 дена.

Адриано и 15
години помладата Микаела Мескита стапија во брак во ноември, овој месец требаше
да направат интимна прослава за семејството и блиските пријатели, но наместо
тоа ќе се случи развод.

Како што пишуваат
медиумите, Адриано решил да се врати во фавелата во која пораснал за со пријателите
да го проследи натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија, но исчезнал на два дена.

Кога се вратил
дома, тој се извинил но не дал оправдување зошто го немало 48 часа, па Микаела
Мескита решила да стави крај на врската.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани