Во пресрет на почетокот на Светското првенство, суперкомпјутерот на Опта ги објави своите предвидувања за исходот на турнирот по спроведени 10.000 симулации.
Според статистичкиот модел, најголеми шанси за освојување на светската титула има Шпанија. Репрезентацијата предводена од Луис де ла Фуенте е фаворит во 16,1% од симулациите и се наоѓа на врвот на листата.
Веднаш зад Шпанците е Франција со 13% шанси за триумф, додека Англија и актуелниот светски шампион Аргентина се следните кандидати за трофејот со повеќе од 10% успешност во симулираните сценарија. Според анализата на Опта, овие четири селекции јасно се издвојуваат од останатите конкуренти и имаат значителна предност во однос на другите репрезентации кои ќе настапат на Мундијалот.
На петтото место се наоѓа Португалија, додека следуваат Бразил и Германија, две селекции кои традиционално важат за фаворити на големите натпреварувања. Интересно е што статистичкиот модел не им дава големи шанси на домаќините на турнирот. Според пресметките на суперкомпјутерот, малку е веројатно САД, Мексико или Канада да успеат да стигнат до светската титула пред своите навивачи