Сунес: Касемиро никогаш не бил голем играч, само играл со големи фудбалери

by
1 минути читање

Британците се познати по тоа што ги величаат своите фудбалери, а ги критикуваат странците бидејќи не ни гледаат подалеку од Англија, а типичен таков критичар е Грем Сунес.

И покрај тоа што Касмиро беше незаменлив дел од составот на Реал Мадрид во изминатите години, многупати бил прогласуван и за играч на натпреварот, за Сунес тој е само просечен играч.

„Тој играше со големи фудбалери, но не е голем фудбалер, никогаш не бил голем фудбалер“, вели Сунес.

„Тој има 30 години и сумата која ја даде Манчестер јунајтед за него е преголема, 60 милиони фунти кои може да стигнат и до 70 милиони“.

„Не мислам дека Касемиро може значително да го подобри Манчестер јунајтед“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×