Судот за спортска арбитража ја одби жалбата на Русија, останува суспензијата од УЕФА и ФИФА

by
1 минути читање

По војната во
Украина, УЕФА и ФИФА решија да ги суспендираат сите руски клубови како и
националните тимови од натпреварувањата под капа на европската и светската куќа
на фудбалот.

Русија достави
жалба до Судот за спортска арбитража, и по долги месеци, процесот конечно
заврши.

ТАС попладнево
соопшти дека жалбата е одбиена и суспензијата останува на сила, па „зборнајата“
и клубовите од РУсија нема да можат да играат во натпреварување под капата на
УЕФА и ФИФА.

Судот за спортска
арбитража признава дека не е фер тоа што руските фудбалери и тимови се афактеирани
од ситуација врз која немаат контрола, но во исто време потврдува дека УЕФА и
ФИФА имаат право да изречат суспензија.

Од Фудбалската
федерација на Русија порачаа дека го чекаат целосната одлука на ТАС во писмена
форма и по анализа на документот, ќе превземат следни чекори. Помеѓу опциите
имаат жалба до Врховниот Суд на Швајцарија, како и нова жалба до ТАС со која ќе
бараат финансиска компензација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани