Судот ја поништи регистрацијата на Гави, големиот талент летоска може да замине од Барса за 0 евра?!

by
1 минути читање

Барселона и Гави
договорија нова соработка, но Ла Лига одби да го регистрира Шпанецот како
првотимец со образложение дека „каталонците“ немаат место во буџетот за плати
за новите примања на фудбалерот.

Клубот од Камп
Ноу целиот случај го однесе на суд и успеа на овој начин привремено да обезбеди
регистрација на Гави.

Сепак, медиумите
од Шпанија сега пренесуваат дека Ла Лига го возвраќа ударот, нивните правници
ги надмудриле тие на Барселона па судија издал наредба за поништување на
регистрацијата на Гави бидејќи не биле запазени роковите.

Гави ќе може да
проодлжи да игра со договор како младинец, но проблем е тоа што една од
клаузулите во новиот договор е прилично неповолна за Барселона. Имено, доколку
„каталонците“ не успеат да го регистрираат како провотимец, неговата откупна клаузула
летоска ќе биде 0 евра и тој ќе може беспари да замине. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани