75
На Паркот на
Принцовите се случи моментот кој фановите го бараа уште во минатото коло.
Единсон Кавани во
11. минута од денешниот дуел со Монпеље ја затресе мрежата на противникот и го
забележа погодокот број 157 во дресот на ПСЖ со што го надмина рекордот на
Златан Ибрахимовиќ и стана прв стрелец во историјата на „Светците“.
За ова
достигнување тој доби честитки и од главниот судија кој откако се ракуваше со
Уругваецот му покажа жолт картон бидејќи голгетерот малку претера со прославата
и го соблече дресот.