Сомалискиот арбитар Омар Артан деновиве е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност, откако американските власти не му дозволија влез во САД и покрај тоа што поседувал валидна виза и дипломатски пасош. Случајот предизвика бројни реакции, особено во Африка, а многумина сметаа дека ваквиот развој на настаните ќе остави сериозни последици врз неговата кариера.
Иако остана без можност да биде дел од Светското првенство, за Артан брзо пристигнаа охрабрувачки вести.
Најпрво, УЕФА му ја укажа довербата да ја дели правдата на европскиот Суперкуп, каде ќе се соочат ПСЖ и Астон Вила, а сега пристигна и уште една позитивна вест. Според информациите објавени во медиумите, Артан ќе ја добие финансиската компензација што ФИФА ја предвидела за судиите на Светското првенство, иако нема да биде дел од турнирот.