Судијата Калварезе му објаснил на Хандановиќ зошто досудил пенал во корист на Јувентус

by
0 минути читање

Јувентус стигна
до изедначување против Интер со гол од белата точка. Во прв момент не беше
досудено ништо, но по прегледување на снимките со помош на ВАР, судијата досуди
пенал во корист на гостите.

Хуан Квадрадо
падна во шеснесетникот по еден дуел со Ешли Јанг, но многумина сметаат дека не
требало да има пенал бидејќи Колумбиецот и онака немаше да стигне до топката, центаршутот
на Федерико Бернардески заврши на трибини.

Според Раи,
судијата Џанпаоло Калварезе му објаснил на Самир Хандановиќ зошто се решил за
најстрога казна. „Пеналот е чист, го влечеше за рака“ – кажал арбитарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×