Судијата Итуралде му одговори на Пике: Кога играше за Сарагоса, дали и пушти на Барселона да победи?

by
1 минути читање

Итуралде Гонзалес пред многу години има изјавено дека мнозинството судии навиваат за Реал Мадрид, а ваквите коментари беа искористени од Жерард Пике оваа недела.

Дефанзивецот на Барселона рече дека судиите не можат да бидат непристрасни бидејќи навиваат за Реал Мадрид и судат во корист на „кралевите“.

„Ноедамна еден поранешен судија рече дека 85% од судиите навиваат за Реал Мадрид. Па како да не свират во нивна корист? Дури и несвесно, како нема да судат повеќе за една страна од друга? Јас ги почитувам судиите и нивната професионалност и знам дека тие се обидуваат да си ја завршат работата најдобро што можат. Но кога ќе има сомнителен момент…“ – изјави Пике во разговор со Пост јунајтед.

Поранешниот судија Итуралде Гонзалез сега реши да му одговори на фудбалерот на Барселона.

„Според неговата логика… дали кога тој играше за Сарагоса и пушти на Барселона да победи?“ – запраша Итуралде.

Во сезоната 2006/07, Жерард Пике играше во Сарагоса на позајмица од Манчестер јунајтед. Дефанзивецот забележа 22 настапи во Ла Лига, меѓу кои и еден домашен натпревар против Барселона. Сарагоса тој меч го доби со 1-0 со голот на Диего Милито.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×