Суарез најави дека ќе „пропее“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Луис Суарез е дел
од превирањата кои изминатиов период се случуваат во Барселона, неговиот добар
пријател и соиграч Лионел Меси веќе побара од клубот да си замине, а наводно
Уругваецот лично од новиот тренер Роналд Куман разбрал дека не е во неговите планови.

Откако ги дозна
плановите на новиот тренер во новиот проект на Барселона, Суарез за прв пат
проговори во јавноста, откако 33 годишниот напаѓач беше поврзуван со преселба
во клубот од МЛС, Интер Мајами, а се споменуваше и можно враќање во Ајакс, меѓутоа многумина и јавно говореа речиси во негово име.

Некои луѓе
говорат за мене или во мое име, а јас немам ништо лично со нив со години, кога
ќе треба да зборувам, јас тоа ќе го сторам во мое име
“ напиша Уругваецот по зачестените шпекулации поврзани со неговата иднина, заокружувајќи ја објавата со хаштагот „Не е се’ точно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×