221
Договорот на Меси со Барселона истекува по крајот на сезоната, па како таа ќе се ближи до крајот така ќе бидат погласни и шпекулациите за неговата иднина.
Суарез кој постојано е во контакт со Меси бидејќи покрај тоа што беа соиграчи се и добри пријатели, беше запрашан за иднината на Аргентинецот.
„Попладнево зборував со него, тој беше многу среќен поради победата над Гранада. Игра на спектакуларно ниво, тој е најдобриот на светот“, вели Суарез.
„Меси ќе се пензионира таму каде што тој сака, тој ќе може да одлучи дали тоа ќе биде Барселона, Аргентина или на било кое друго место“.