Суарез има муда, во 89. минута со паненка реализираше пенал за победа на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид го продолжува маршот кон титулата во шпанското првенство, овој пат ги освоија трите бода од гостувањето кај Еибар со погодок пред самиот крај на мечот.

Домаќините поведоа во 12. минута со гол од пенал кој изненадувачки го реализираше голманот Дмитровиќ.

На пет минути до крајот на првото полувреме Луис Суарез постигна гол и го изедначи резултатот на 1-1.

Во 89. минута Суарез со паненка од пенал погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1. И прекршокот за најстрога казна беше направен врз него.

Со овие три бода Атлетико Мадрид има дури седум бода повеќе од Реал Мадрид, а десет повеќе од Барселона и меч помалку од двата гиганти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани