Суарез ги збуни сите со последната објава на социјалните мрежи (ФОТО)

by
1 минути читање

Роналд Куман не смета на Луис Суарез, напаѓачот треба да си најде нов клуб и со денови се шпекулира дека е договорен трансфер во Јувентус, односно тој постигнал согласност со „старата дама“ за плата од 10 милиони евра а и двата клуба си подале рака за зделка од 3+13 милиони евра.

И додека медиумите пишуваа дека Уругваецот е на чекор до преселба, се чини самиот фудбалер не мисли така.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија на која тренира во Барселона со насмевка на лицето и напиша: „Додека се појавуваат лажни вести, јас се смеам“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани