559
Барса поведе во 20. минута кога Меси асистираше од слободен удар, а Суарез реализираше со глава за предност од 1-0.
По пет минути игра во второто полувреме по една контра, Селта го изедначи резултатот преку Смолов.
Во 67. минута повторно истата комбинација за Барселона, Меси асистира, а Суарез носи ново водство, овој пат од 2-1.
Кога се чинеше дека Барселона ќе дојде до победата, Аспас во 88. минута погоди од слободен удар од странична позиција, Гризман не се постави најдобро во живиот ѕид.
Барселона сега е на првото место со бод повеќе од Реал Мадрид, но кралскиот клуб утре гостува кај последнопласираниот Еспањол.