Денеска во Нион,
Дрита требаше да ги одмери силите со Линфилд во претквалификациите од Лигата на
шампиони, но на два часа пред одигрување на мечот, стигна соопштение дека
истиот е одложен.
УЕФА се решила на
еден ваков чекор откако втор фудбалер на Дрита бил позитивен на коронавирус.
Пред да
отпатуваат за Швајцарија, целиот тим на Дрита бил тестиран и резултатите биле
негативни. Во петокот, биле направени нови тестови во пресрет на дуелот со
Интер од Андора, и еден фудбалер бил позитивен. Тогаш било решено во изолација
да оди само тој, и уште еден негов соиграч со кој имал близок контакт.
Во понеделникот
била направена нова рунди тестови која донела уште еден позитивен случај.
Новиот фудбалер кој е заразен со ковид-19 имал контакт со голем број на соиграчи,
па здравствените власти на Швајцарија наредиле целиот тим да оди во карантин.
Случајот сега ќе
биде предаден на дисциплинската комисија при УЕФА, а според пишувањата на
медиумите, Дрита најверојатно ќе загуби со службени 3-0 и ќе биде прва жртва на
новите правила на европската куќа на фудбалот.
Тренер на
косовскиот шампион е Адријан Нухиу, а за овој тим настапуваат и тројца
фудбалери од Македонија, Адријан Цуцули, Изаир Емини и Бунјамин Шабани.