42
Бетис обезбеди настап во Лигата на шампиони откако вечерва со 2-1 го совлада Елче, а претходно Селта изгуби со 2-3 од Леванте.
Бетис по 21 година ќе игра Лига на шампиони, избраниците на Пелегрини вечерва со 2-1 славеа против Елче, и го искористија киксот на Селта за на две кола до крајот и математички да изборат топ 5 пласман.
Откако првото полувреме заврши нерешено (1-1), трите бода ги осигура Форналс во вториот дел и тоа на спектакуларен начин.
По еден корнер, Форналс начека топка на 25 метри и прекрасно погоди во аголот, голманот на Елче немаше шанси и покрај тоа што се испружи колку што е долг.