Заврши драматичната сезона во шпанската Ла Лига, а последното коло донесе разврска околу местата кои водат во европските натпреварувања, како и битката за опстанок.
Барселона сезоната ја затвори со пораз на гостувањето кај Валенсија од 3-1. Каталонците поведоа преку Левандовски, но домаќините во второто полувреме направија целосен пресврт со головите на Гуера, Риоха и Родригез. Сепак, и покрај победата, Валенсија на Столе Димитриевски остана без место во Европа.
Реал Мадрид одигра ефикасен натпревар и со 4-2 го совлада Атлетик Билбао. Гарсија и Белингем донесоа рана предност за „кралевите“, а во вториот дел погодија и Мбапе и Диаз за сигурен триумф.
Селта Виго обезбеди место во Лигата на Европа благодарение на минималната победа над Севиља од 1-0, додека Хетафе со триумфот против Осасуна стигна до пласман во квалификациите за Конференциската лига. Без европска виза останаа Рајо Ваљекано и Валенсија.
Во битката за опстанок важен бод освои Елче со ремито против Џирона 1-1 и успеа да се искачи на 15. место на табелата. На останатите натпревари Еспањол и Реал Сосиедад ремизираа 1-1, а Мајорка славеше против Овиедо со 3-0.