121
Роберто Манчини беше на стадионот на Вест Хем на натпреварот против Манчестер Сити кој „чеканите“ го загубија со 4-0.
Појавувањето на Роберто Манчини кој во моментов е слободен тренер допринесе да се појават шпекулации дека тој може да биде новиот предводник на Вест Хем.
За разлика од минатата сезона, на Вест Хем не му цветаат рози, па притисокот врз Славен Билиќ е се поголем, а високиот пораз од Сити воопшто не им се допадна на сопствениците.
Сопствениците на клубот важат за трпеливи газди и не се верува дека брзо ќе го сменат Билиќ, но доколку тимот влезе во серија лоши резултат можно е да има смена на тренерската позиција пред крајот на сезоната.