„Што сега? Шведските епидемиолози можат да ни забранат влез!“

by
1 минути читање

Вида доби позитивен
резултат на тестирањето за коронавирус, а веста во хрватскиот национален тим ја
дознале сред мечот со Турција, на кој стоперот веќе беше на теренот, веднаш
штом веста стигна до тимот, стоперот беше повлечен од игра и подложен на мерки
за изолација.

Случајот со
капитенот може да им донесе големи главоболки на „Коцкестите“ во пресрет на
саботното гостување кај Шведска во рамките на Лигата на нации, за што „24сата“
подвлекува дека сега останува на Шведска да донесе одлука дали ќе ги пушти
фудбалерите на Хрватска во својата земја.

Нашата
епидемиолошка служба овој случај на зараза мора да и го пријави на Шведска,
која мора да донесе одлука дали ќе ги пушти нашите репрезентативци во државата

пишува „24сата“, додавајќи дека ретки се таквите случаи кога се спушта рампа за
некои тимови, но државните одлуки се посилни и од самата УЕФА која има едно
правило по однос на коронавирусот по кое цврсто се држи.

Според протоколот
од страна на УЕФА за заштита од ковид-19, се налага сите професионални
фудбалери да обават тестирање на два дена пред клупски или репрезентативен меч под
капата на таа организација, а тој што ќе добие позитивен резултат на
тестирањето веднаш му се одредува самоизолација, а сите останати остануваат на
располагање на своите тренери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани