Што се случувало на полувремето? Нагелсман се пожали од Симеоне: Јас не би го сторил тоа!

by
1 минути читање

„Биковите“ за прв пат во својата историја ќе играат полуфинале од Лигата на шампиони откако синоќа со 2-1 ја добија пресметката против Атлетико Мадрид во Лисабон.

Дани Олмо го отвори резултатот на стартот од вториот дел, Жоао Феликс изедначи од пенал во 71. минута од мечот, но во финишот, Адамас со голема доза на среќа го совлада Облак за големо славје на РБ Лајпциг.

Во разговор со новинарката Брита Хофман од Скај , Јулијан Наглесман сугерираше дека имало конфротација помеѓу него и Диего Симеоне. Инцидентот се случил на полувремето, но тренерот на клубот од Германија не откри повеќе детали.

„Освен инцидентот на полувремето, се беше ОК. Тој е неверојатен победник, па сака да победи дури и на патот кон соблекувалната“ – рече Јулијан Нагелсман.

Новинарката го праша: „Зошто? Што се случи?“.

„Нема да ви откривам детали, но има камери, се беше снимено…“ – одговори младиот стратег.

Брита Хофман проба да изнуди повеќе информацици: „Дали тој се однесуваше неспортски?“.

„Јас не би го сторил тоа, но секој одговара за своите постапки“ – продолжи Нагелсман.

„По крајот на натпреварот тој сепак ми честиташе, ми рече дека заслужено сме се пласирале во полуфинале“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×