Се разгорува битката за Драгушин: Тотнем е во пол позиција, Милан има адут во ракавот, Баерн внимателно чека

by
1 минути читање

Џенова трие раце, се разгорува битката за 21 годишниот Раду Драгушин, кој е еден од најбараните оваа зима.

Последните информации велат дека Тотнем останува прв фаворит, „спарси“ нудат 25-26 милиони евра плус бонуси, што е блиску до бараната цена од 30 милиони евра.

Но Милан има свој адут во трката, „росонерите“ се подготвени на „Масари“ да го испратат Лоренцо Коломбо како дел од зделката, плус да платат 20 милиони евра.

Баерн Минхен внимателно следи што се случува, и немаат проблем да одвојат 30 милиони евра за да го ангажираат Раду Драгушин, доколку запнат преговорите на другите клубови.

Наполи исто така е во битката, нуди двајца играчи плус пари, но во моментов тие имаат најмали шанси.

Случувањата се интересни и за Јувентус, на „старата дама“ и следуваат 20% од трансферот на Раду Драгушн.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×