Што рече Пике пред 9 години: Барса не е Реал Мадрид, нема потреба да трошиме 160 милиони…

by
1 минути читање

Барселона до овој
момент е клубот кој потроши најмногу на засилувања ова лето, „каталонците“
платија преку 150 милиони евра (и уште двасетина во бонуси) за Рафиња, Роберт
Левандовски и Жил Кунде.

Па на социјалните
мрежи вирална стана една изјава на Жерард Пике од октомври 2013 година.

„Реал Мадрид една
година не освои ниту една титула и потроши 160 милиони евра на тројца играчи –
Иљараменди, Иско и Герет Бејл“
– рече тогаш дефанзивецот.

„Барселона не
функционира на овој начин. Ние знаеме дека сме различни бидејќи можеме да се
надигруваме и да му конкурираме на Раел Мадрид без да трошиме толку многу пари“.

Клубот од Камп
Ноу тогаш ги имаше Лео Меси, Чави, Андрес Иниеста, Серхио Бускетс, Жерард Пике сите
продукти на познатата „Ла Масиа“ како главен костур на тимот, па немаше потреба
за големи инвестиции.

Но работите очигледно
се сменија и Барса сега го прави токму тоа што му пречеше на Жерард Пике. По
сезона без освоена титула, „каталонците“ силно инвестираат на пазарот за да му
парираат на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани