Што рече Мурињо за Чаби Алонсо пред неколку години (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Чаби Алонсо потпиша за Баер Леверкузен и тоа ќе биде неговиот прв сериозен тренерски ангажман. Претходно една година го водеше тимот на Реал Сосиедад до 14 години, па три сезони беше тренер на Б тимот на Реал Сосиедад.

Во едно интервју пред неколку години Мурињо го истакна Чаби Алонсо како негов поранешен фудбалер кој има голем потенцијал да стане и голем тренер.

На прашањето кој од неговите поранешни фудбалери би бил добар тренер, Мурињо рече:

„Би рекол Чаби Алонсо. Неговиот татко беше тренер, па созреваше слично како и јас. Се роди со татко фудбалер, растеше со татко тренер. Потоа стана фудбалер, се разбира многу подобар отколку јас што бев. Стана фудбалер, топ фудбалер, неговата позиција на теренот…, и неговото фудбалско знаење е многу високо. Играше во Шпанија, во Англија и во Германија. Беше трениран од Гвардиола во Баерн Минхен, од мене во Реал Мадрид, од Анчелоти во Реал Мадрид, од Бенитез во Ливерпул. Ако ги ставиме сите овие работи заедно мислам дека Чаби има услови да стане многу добар тренер“, изјави тогаш Мурињо.

Дали ќе се оствари прогнозата на Мурињо останува да видиме, првиот тест на Чаби Алонсо е Баер Леверкузен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×