Што му кажа Меси на Левандовски по крајот на синоќешниот натпревар? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лео Меси и Роберт
Левандовски беа во фокусот на синоќешниот натпреварот помеѓу Аргентина и
Полска. Во завршните мигови, Полјакот го фаулираше Аргентинецот, му подаде рака
во знак на извинување, но капитенот на „гаучосите“ само го игнорираше.

Двајцата сепак се
поздравија по последниот свиреж на судијата и разменија неколку зборови, сепак
со рацете ги покрија своите усти за да не може да се забележи што разговараат. Лео
Меси му кажа нешто на Роберт Левандовски, кој потоа потпраша нешто а
Аргентинецот потврдно климна со главата.

Навивачите на
Барселона се надеваат дека двајцата разговарале за евентуално враќање на Лео
Меси на Камп Ноу.

Аргентинецот беше
запрашан за ситуацијата и тој само кратко одговори: „Она што се случува на
теренот, останува на теренот. Нема да ви откријам што си кажавме со
Левандовски“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани