Што мисли Тухел за трансфер на Роналдо во Челси

by
1 минути читање

Весникот Тајмс,
кој ретко пласира фудбалски шпекулации и обично има точни информации, синоќа
објави дека Кристијано Роналдо доставил барање за трансфер. Гласините за
заминување на ЦР7 од Манчестер јунајтед круажат со недели, и неговото име со
поврзува со неколку клубови.

Агентот Жорж
Мендеш минатата недела имал средба со новиот сопственик на Челси, Тод Боли и
разговарале за преселба на ЦР7 на Стемфорд Бриџ.

Медиумите ги посочуваат „сините“ како фаворит за потписот на напаѓачот и потсетуваат на една изјава
на Томас Тухел, кој неодамна рече: „Јасно е дека секој тим без Кристијано
Роналдо ќе биде послаб. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата, и го
докажува ова секој пат кога ќе истрча на теренот“.

Сепак, новинарот
Роб Дрејпер вели дека Германецот не е премногу заинтересиран за Кристијано Роналдо.

Томас Тухел
преферира мобилни, енергични напаѓачи кои ќе притискаат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани