Стерлинг вели дека само поради две прични го поминале Реал Мадрид

by
1 минути читање

Манчестер Сити со 2-1 го победи Реал Мадрид и на вториот меч и заслужено се пласира на завршниот турнир во Лисабон.

Стерлинг дојде до својот јубилеен 100. погодок во дресот на Манчестер Сити во сите натпреварувања.

Според него две работи биле клучни да се помине Реал Мадрид, а тоа се енергијата и пасијата која ја дале на теренот.

„Мислам дека само енергијата и пасијата се причините поради кои поминавме понатаму“, вели Стерлинг.

„Ова е едно од натпреварувањата во кои сакаме да одиграме добро и рековме дека е важно да го играме нашиот фудбал, но клучно беше кој повеќе ќе претрча, мислам дека ние го направивме тоа како што треба и резултатот си дојде“.

„Енергијата и перформансите од момците вечерва беа фантастични. Високиот пресинг беше дел од планот. Требаше да играме високо и да бидеме агресивни. Благодарение на нашиот пресинг ги постигнавме двата гола“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×