Рахим Стерлинг денеска со многу емоции се збогува од Манчестер Сити.
„Седум сезони, 11 големи трофеи, спомени за цел живот“, пишува Стерлинг.
„До стручниот штаб кој одигра огромна улога во мојот развој , до моите соиграчи кои станаа повеќе од само некои со кои го делев теренот, до персоналот, до администрацијата, до фановите кои неуморно го поддржуваа тимот и до сите инволвирани во Манчестер Сити, мојата почит за вас не може да биде поголема“.
„Какво возење беше ова“.
„Благодарен сум за подемите и падовите. Бидејќи падовите кои ги имав повремено, ја тестираа мојата сила и ми овозможија да застанам тука пред вас во најдобрата можна верзија од себе“.
„Во Манчестер дојдов на 20 годишна возраст, денеска заминувам како маж“.
„Ви благодарам за целата поддршка. Ми беше чест да го носам дресот на Манчестер Сити“.
What a journey pic.twitter.com/beX13AOOsj
— Raheem Sterling (@sterling7) July 13, 2022