Стерлинг поради семејни причини се врати во Англија, Саутгејт не знае дали ќе се врати

by
1 минути читање

Селекторот Герет Саутгејт по мечот ја потврди информацијата дека Стерлинг се враќа во Англија.

„Некои работи се поважни од фудбалот. Стерлинг се враќа во Англија. Потребно му е време со своето семејство за да се справи со тоа и не сакам да го ставам под притисок“, вели Саутгејт.

„Дали Стерлинг ќе се врати? Не знам. Приоритет за него во моментов е да биде со неговото семејство“.

Според „Би-Би-Си“, Стерлинг бил жртва на грабеж, крадците во неговата куќа влегле додека семејството било внатре. Нема детали околу целата ситуација, но фактот што фудбалерот се враќа дома значи дека ситуацијата не била едноставна.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани