Стерлинг го промаши невозможното, Лион го елиминираше Манчестер Сити (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лион закажа полуфинале против Баерн Минхен во Лигата на шампиони, „лавовите“ вечерва приредија големо изненадување и го елиминираа Манчестер Сити.

Клубот од Франција поведе во 24. минута. Успешно беше одбегната една офсајд стапица, а Корне се снајде најдобро и погоди за 1-0.

Манчестер Сити се врати во игра во 69. минута, Стерлинг му асистираше на Де Брујне за 1-1.

Сепак, десет минути подоцна Лион повторно поведе. Одново беше поставена лоша офсајд замка, Дембеле се најде осамен пред Едерсон и го сволада за 2-1. Голот се прегледуваше со ВАР, но судијата покажа кон центарот.

Во 85. минута Стерлинг имаше шанса за ново изедначување, но Англичанецот го промаши невозможното и од пет метри на празен гол ја испрати топката на трибини.

Казната стигна веднаш, Едерсон лошо одбрани еден удар на Ауар, а Дембеле по втор пат ја затресе мрежата на „граѓаните“ за 3-1 и големо славје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×