8
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски го враќа во репрезентацијата Стефан Деспотовски за претстојните контролни натпревари против Босна и Херцеговина и Турција.
Фудбалерот на ОФК Београд повторно е дел од националниот тим по едногодишна пауза, а досега има забележано три настапи во дресот на Македонија.
Деспотовски зад себе има солидна сезона во српскиот клуб, каде настапи на 26 натпревари, притоа постигнувајќи еден погодок и запишувајќи две асистенции.
Македонската репрезентација првиот пријателски натпревар ќе го одигра на 29 мај против БиХ, додека три дена подоцна ќе се соочи со Турција.