Станковиќ: Ова е како хорор филм, прашање е дали сум јас вистинскиот човек за Црвена звезда

by
1 минути читање

Црвена звезда се надеваше на настап во групната фаза во Лигата на шампионите, но ќе мора да се задоволи со групите во Лига Европа.

„Сплет на околности и случувања влијаеа на второто полувреме. Кога ќе примиш гол во последната секунда од првиот дел… Натпреварот беше таков каков што го подготвивме и замисливме, имавме резултат, но го примивме тој гол и енергетски паднавме во второто полувреме“, вели тренерот Дејан Станковиќ.

„Не можам да не кажам дека играчите многу дадоа во првото полувреме и донекаде го разбирам тој психолошки и енергетски пад во вториот дел. Тоа се момци кој одлично изиграа во првиот дел, но тој погодок не пресече“.

„Тешко ми е да анализирам, многу ми е жал, разочарувањето е големо бидејќи и очекувањата беа такви. Сплет на околности и детали, како од хорор филм. Не ми останува ништо друго освен да се заблагодарам на нашата публика за амбиентот кој го направи. Жал ми е што не им вративме со пласман во Лигата на шампионите. Сепак и Лига Европа не е мало натпреварување, но сакавме да играме во ЛШ. Ова беше болно, барем за мене, не знам како воопшто наоѓам зборови, но ги наоѓам. Тоа е животот и фудбалот, одиме понатаму“.

„Кога нема да се направи резултат се отвораат многу прашања. Дали сум јас за клупата на Звезда? Дали сме физички подготвени? Колку сме воиграни? Тоа се прашања кои ќе ги слушаме во наредниот период, но реков и пред мечот, ако е ова огрмен неуспех, подготвен сум да поднесам одговорност, подготвен сум да ја прифатам секоја одлука бидејќи дадов се од себе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×