Информациите велат дека тој е во преговори со Сампдорија која вчера го отпушти Марко Џампаоло по поразот на домашен терен од Монца од 3-0.
По осум одиграни кола Сампдорија е на последното место во Серија А со само два освоени бодови.
Станковиќ и претходно се поврзуваше со Сампдорија, но се чини дека ова е вистинскиот момент за тој да ја започне својата авантура како тренер во Серија А.
Дејан Станковиќ речиси целата фудбалска кариера ја помина во Серија А. По одиграните три сезони во Црвена звезда, замина во Италија и таму се пензионираше. Шест сезони го носеше дресот на Лацио и дури девет сезони играше за Интер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.