Српската легенда замина од репрезентацијата и ќе работи во Интер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Александар Коларов ја прифати понудата од Интер и наскоро ќе стане прв помошник на Кристијан Киву, кој ја наследи клупата од Симоне Инзаги.

Фудбалскиот сојуз на Србија денеска ја потврди информацијата дека поранешниот репрезентативец и актуелен селектор на младата селекција, се приклучува на стручниот штаб на славниот милански клуб.

Коларов ќе биде прв асистент на Киву во Интер, клубот што сезонава стигна до финалето на Лигата на шампионите, а во новата кампања повторно ќе има високи амбиции на домашната и европската сцена.

Србинот минатата година ја започна тренерската кариера во младата репрезентација на Србија, но сега ќе има шанса да работи во еден од најголемите клубови во Италија и Европа.

ФСС најави дека во наредниот период ќе биде избран нов селектор на У21 селекцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани