Србите немаат страв од коронавирус, Црвена звезда ја славеше титулата пред 18.000 гледачи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Црвена звезда синоќа играше против Пролетер кој го победи со 2-1. На овој меч се прославуваше и трофејот кој претходно беше освоен.

На стадионот „Рајко Митиќ“ присуствуваа околу 18.000 фанови кои без никаков страв од коронавирус го славеа трофејот.

Во Србија веќе некое време речиси и да нема никакви мерки против коронавирус. Фудбалските натпревари се играат со публика, полни беа трибините и на тенискиот турнир кој го организираше Новак Ѓоковиќ.

Во Србија синоќа имаше 94 нови случаи на коронавирус, кај нашиот северен сосед досега имаше нешто помалку од 13.000 заразени со ковид-19, во моментов има околу 1.000 активни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×