Србија загуби од Унгарија во Белград, Албанија освои бод во Чешка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мечот меѓу Србија и Унгарија беше дерби во групата, дуел меѓу двете првопласирани селекции. Србите имаа водство, но го загубија.

Во 10. минута Влаховиќ се посрамоти, биеше катастрофално од идеална позиција, но имаше среќа што топката го удри Салаи и влезе во мрежата за водство на Србија со 1-0.

Течеше 34. минута кога Варга постигна гол за 1-1, са само две минути подоцна се случи комплетен пресврт, Орбан реализираше за 2-1 за Унгарија што беше и конечен резултат.

Албанија направи одличен резултат откако одигра 1-1 на гостувањето кај Чешка. Чесите поведоа со погодок на Черни во 56. минута, десет минути подоцна Бајрами реализираше за реми.

Нашиот јужен сосед, Грција доживеа очекуван пораз на гостувањето кај Холандија. Де Рон, Гакпо и Вегхорст ги постигнаа головите за лалињата, сите во првото полувреме.

Франција со голови на Чуомени и Турам ја совлада Република Ирска со 2-0. Словенија со 4-2 беше подобра од Северна Ирска.

Полска со 2-0 славеше над Фарските острови, а Данска со убедливи 4-0 беше подобра од Сан Марино.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани