156
По поразот од Норвешка во првото коло, Србија е дозволи ново разочарување на своите навивачи, овојпат лесно ја совлада Словенија.
Резултатот го отвори Митровиќ со гол во 24. минута, а шест минути подоцна Словенија од својата единствена шанса успеа да израмни преку Стојановиќ.
По десет минути игра во вториот дел Сергеј Милинковиќ Савиќ го врати водството на Србија, а во финишот голови дадоа и Јовиќ и Радоњиќ за конечни 4-1.
Халанд откако даде гол во Белград за победа над Србија, денеска ја реши и Шведска на нејзин терен.
Тој даде по еден гол во двете полувремиња за водство од 2-0 на Норвешка, а Шведска во 92. преку Еланга успеа да постигне само почесен гол.