Срамно: Ограбена куќата на Михајловиќ додека неговата мајка спиела!

by Стефан
1 минути читање

Срамен инцидент се случи денеска во Сремска Каменица каде што беше ограбен домот на починатиот Синиша Михајловиќ.

Според српските медиуми, грабежот се случил во ноќта меѓу вторникот и средата, додека неговата мајка Викторија спиела во куќата. Во периодот меѓу два и три часот по полноќ, засега непознати сторители влегле во домот и однеле пари, вредни предмети, но и бројни сувенири и спомени кои имале огромна емотивна вредност за семејството Михајловиќ.

Во куќата со години биле чувани дресови, трофеи, фотографии и други предмети од богатата кариера на славниот фудбалер и тренер, кои ги собирал неговиот брат Дражен.

За случајот се огласи и Дражен Михајловиќ, кој за српски „Телеграф“ потврдил дека кражбата навистина се случила, но поради тековната истрага засега не сакал да открива повеќе детали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×