Срамно однесување на Дијаз: Кога го киднапираа неговиот татко Жота беше до него, а вчера тој е забавуваше (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Португалија вчера се збогуваше со Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа. На погребот присуствуваа бројни соиграчи од португалската репрезентација, како и фудбалери на Ливерпул, но не се појави Колумбиецот, Луис Дијаз.

Иако не беа објавени официјални информации зошто колумбискиот интернационалец не допатува во Португалија, јавноста жестоко го осуди откако беа објавени фотографии и видеа од негова посета на роденденска забава организирана од колумбиска инфлуенсерка.

Потегот на Диаз предизвика лавина од критики, особено бидејќи многумина потсетија дека токму Диого Жота беше меѓу првите кои јавно му дадоа поддршка кога неговиот татко беше киднапиран.

Се потсетува и дека Рубен Невеш и Жоао Кансело допатуваа во Португалија и му оддадоа последна почит на својот соиграч од репрезентацијата, само 12 часа по настапот на Светското клупско првенство со Ал Хилал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×